Свет 16105584_10155696375034097_4127635917620147739_n

20 јануари, 2017

Селин Дион ќе отпее сосема нова песна за „Убавицата и ѕверот“

Нема кој не ја знае насловната тема од Дизниевиот анимиран филм „Убавицата и ѕверот“, која ја отпеаја Селин Дион и Пибо Брајсон, а за новата играна адаптација на француската бајка, чија премиера се очекува во март, своја верзија ќе снимат Џон Леџенд и Аријана Гранде. Сепак, канадската ѕвезда ќе учествува и во овој нов проект на „Дизни“, со тоа што ќе отпее сосема нова песна насловена „How Does A Moment Last Forever“.

Пејачката ја сподели веста на социјалните мрежи, велејќи дека учеството во оригиналниот филм било магично искуство и дека е почестена што е дел и од овој филм.

цд

Новата емотивна балада е дело на композиторот Алан Менкен, автор и на оригиналната насловна тема, за која се закити со 4 Греми, Оскар и Златен глобус за најдобра оригинална песна, а стиховите ги напиша текстописецот Тим Рајс.

„Ова е многу возбудливо за мене бидејќи пишувам нови песни и музика за новиот филм. Интересно е, а ми претставува и предизвик да се навраќам на истиот изворен материјал три пати со ред“, изјавил Менкен, кој ја направи музиката и за анимираниот филм, но и за сценската адаптација на Бродвеј, а вкучувајќи ја новата балада за Дион, ќе потпише вкупно три нови песни за претстојниот филм.

16174965_10154078219836651_3199082375434187965_n

„Убавицата и ѕверот“ во режија на Бил Кондон ќе пристигне во кино салите ширум светот на 17 март, а саундтрак изданието ќе биде објавено една недела порано. Покрај Ема Вотсон и Ден Стивенс како главните ликови, во останатите улоги ќе ги видиме/слушнеме Ема Томпсон како г-ѓа Потс, Јуан Мекрегор како Лумиер, Иан Мекелен како Когсворт и други.



Врати се горе ↑