Аудио celine

18 јули, 2016

Селин Дион ќе го објави новиот албум во август

Познатата канадска пејачка Селин Дион се враќа на сцената со нов албум насловен „Encore Un Soir“ (Уште една вечер), кој го најави со истоимениот сингл објавен во мај годинава. За новиот материјал ѕвездата соработуваше со Франсис Кабрел, Серж Лама, Жак Венерузо и францускиот слем поет Гран Корп Малад, како и со Жан-Жак Голдман, кој се потпишува на насловната тема.

 

„Encore Un Soir“ е 15. албум на француски јазик, а 25. во целокупната досегашна дискографија на Дион, како и прво идание после семејната трагедија што се случи во јануари годинава, кога за само два дена пејачката ги изгуби својот сопруг, Рене Анжелил, и својот брат, Даниел Дион.

Албумот ќе содржи 12, односно 15 песни за луксузното издание, а во продажба излегува на 26 август.

 

 



Врати се горе ↑