Свет Selena-Gomez-Justin-Bieber-900-6001

11 мај, 2013

Селена Гомез има песна за Џастин Бибер

Селена Гомез (20), која повеќе ја препознаваат како поранешната девојка на канадската сензација Џастин Бибер, деновиве го претстави нејзиниот прв сингл од претстојниот деби соло албум насловен „Stars Dance“, а нумерата „Come & Get It“ доби и свое видео издание. Гомез се најде и на насловната страница на магазинот InStyle, а во интервјуто изјавила дека на новиот албум ќе се најде и една песна посветена на поранешното момче Бибер и ќе го носи насловот „Love Will Remember“.

Во врска со песната таа изјавила: „Тоа е најличната песна од албумот. Мислам дека е слатко да биде издадена на тој начин. Не е агресивен пристап како што сите претпоставуваат, а сигурна сум дека и нему ќе му се допадне.“

Пејачката ја опишала нивната врска како „луда и многу интензивна“, а разделбата била уште потешка со оглед на тоа што се одвивала пред очите на јавноста: „Непријатно е тоа што каде и да одам, луѓето знаат. Не ми се допаѓа тоа. Но Џастин и јас никогаш не се фокусиравме на вниманието.“ 

Оваа песна ќе биде втор сингл од претстојното издание, закажано се летово, а како што изјавила самата Гомез, најголемо влијание врз нејзината музика имаат Бритни Спирс, Тејлор Свифт и Скрилекс. По издавањето на албумот, новиот материјал ќе го промовира и со светска турнеја.



Врати се горе ↑