Аудио selena-gomez-fetish-cover

13 јули, 2017

Селена Гомез го откри својот „Фетиш“

Селена Гомез веќе подолго време работи на нов материјал за својот трет по ред студиски албум, а после првиот сингл „Bad Liar“, вчера стигна и вториот насловен „Fetish“, за кој веќе се вели дека е најскандалозниот досега. За оваа песна младата пејачка ги здружили силите со колегата Гучи Мејн, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

Инаку, покрај подготовката на новиот албум, за кој сè уште не се познати многу детали, некогашната Дизни ѕвезда е актуелна и со телевизиската серија „13 причини зошто“, која ја обработува темата за самоубиства кај тинејџерите. Таа првично беше во план да ја игра главната улога, но подоцна одлучи да биде продуцентка на серијата.



Врати се горе ↑