Видео

13 март, 2019

Селена Гомез, Џеј Балвин, Бени Бланко и Тајни ја екранизираа соработката за „I Can’t Get Enough“

„I Can’t Get Enough“, соработката на американскиот продуцент Бени Бланко со Селена Гомез, колумбиската регентон-ѕвезда Џеј Балвин и со порториканскиот продуцент Тајни, сега си доби и своја екранизација, која сигурно ќе придонесе за да се зголеми успехот на топ-листите. Имено, песната солидно дебитираше на „Спотифај“ со околу 25 милиони преслушувања за недела дена, а на Билбордовата листа походот го започна скромно, на 93. место.

Интересната визуализација, во која музичарите се претставени како минијатури што скокаат и се судираат на џиновски кревет, сигурно ќе помогне за поголема популаризација на песната, а како изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑