Аудио

2 март, 2019

Селена Гомез, Бени Бланко, Џеј Балвин и Тајни ги здружија силите за „I Can’t Get Enough“

Соработките меѓу повеќе од два музичари во последно време се покажаа како мошне успешни, особено за Селена Гомез, која заедно со Карди Би и Озуна имаше вистински погодок со „Taki Taki“ на диџеј Снејк, а со исто толку соработници го сними и штотуку објавениот сингл „I Can’t Get Enough“.

Овој пат, во екипата предводена од продуцентот Бени Бланко се најдоа и колумбиската регентон-ѕвезда Џеј Балвин и порториканскиот продуцент Тајни, кој годинава ја доби и својата прва номинација за Греми за хитот „I Like It“ на Карди Би.

Сè уште не е познато дали „I Can’t Get Enough“ ќе добие и своја екранизација, па додека очекуваме официјална потврда, песната можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑