16 октомври, 2014

Секси видео запис за новата песна на Сара Мејс; Погледнете го „Намбареја“

По „Врне врне“ и „Денот да е убав“, „Намбареја“ е новата провокативна предзимска порака на ексцентрчната Сара Мејс. Песната, која е вистинско освежување за македонската музика, е дело на Сара и Ива, текстот на Сара, а аранжманот на Роберт Билбилов.

Видео записот е во реализација на „Горила Филм“. За приказната да се спакува во видео се погрижи Дарко Мораитов, како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, а за изгледот на Сара во истата се погрижија  Елена Лука и студио „Алур“. Посилната половина и воедно кореограф во видеото е танчарот Мишо Спасовски, минатогодишниот финалист и партнер на Мејс во шоуто „Танц со ѕвездите“.



Врати се горе ↑