Видео 110518

25 ноември, 2015

„Секој ден е празник“ за Кејти Пери

Полека започнува да се чувствува празничната атмосфера за претстојните новогодишни и божиќни празници. Иако сè уште не започнал последниот месец во годината, музичката индустрија во изминативе два месеца, меѓу другото, акцентот го става и на новите празнични изданија, без оглед дали станува збор за сингл или албум.

Се чини дека најголемо внимание привлече токму новиот сингл на Кејти Пери, кој воедно е и нејзин прв празничен проект. Станува збор за песната насловена „Every Day Is a Holiday“, кој е дел од новата кампања на компанијата „Ејч-ен-ем“ (H&M). Заразниот ритам проследен со живописен видео запис каде што пејачката пее и танцува со џиновски подароци и колачиња, сигурно ќе придонесе песната да биде една од најслушаните во наредниот период. Како изгледа и звучи сето тоа погледнете во продолжение.

 

Покрај Пери, годинава се објавени бројни празнични изданија, меѓу кои на легендарните кралеви на празниците – Бинг Крозби и Френк Синатра, како и австралиската дива Кајли Миног. Албумот насловен „Kylie Christmas“ е прв празничен проект за „џебната Венера“, која покрај преработките на класиците „It’s The Most Wonderful Time Of The Year“, „Santa Claus Is Coming to Town“, „Winter Wonderland“ и други, на изданието смести и неколку авторски песни како што се „White December“ и „100 Degrees“, во која гостува нејзината сестра Дани Миног.

Албумот најавен со синглот „Only You“, во кој гостува британскиот актер Џејмс Корден, беше објавен на 13 ноември, а вториот сингл е токму соработката со Дани, „100 Degrees“, која можете да ја слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑