Македонија vlatko-stefanovski

27 август, 2013

„Сеирот“ на Влатко Стефановски ќе пристигне во октомври

Царот на гитарата – Влатко Стефановски најдоцна до почетокот на октомври ќе го објави својот најнов студиски албум Сеир“, пренесува MMM. Станува збор за колекција составена од вокални песни во поп-рок манир, на некој начин своевидно продолжение на Кула од карти“ од пред цели десет години. Во меѓувреме Стефановски објави блуз албум, снимаше со Мирослав Тадиќ, со Кралевите на гитарата…

Освен со „Сеирот,“ кој е во фаза на миксање, Стефановски деновиве е ангажиран и со компонирање музика за филмот „Децата на сонцето“ на Антонио Митриќески, во кој толкува и една од помалите улоги. За српските медиуми Влатко деновиве изјави дека со светски прочуениот виолинист Стефан Миленковиќ, со кого беше во проектот „Магијата на жиците“, планира продолжување на соработката, најверојатно со симфониска придружба.

И уште нешто: Влатко Стефановски неодамна со своето Трио настапи во Дубровник. Таму ја промовираше и својата најнова гитара – VST II, која специјално за него, со неговите иницијали, ја изработи Лео Скала, нашинец кој живее и работи во Америка.

Следен настап на Стефановски е на 19-ти октомври на Скопје Џез Фестивал, во програмата Балканска треска, каде ќе застане на сцената заедно со Мирослав Тадиќ, Теодоси Спасов и Македонската Филхармонија, под диригентската палка на Кристијан Јарви. Со Тадиќ и Спасов три дена подоцна ќе настапат и во Цирих, Швајцарија.



Врати се горе ↑