Видео

31 декември, 2018

Сега Тара и Барбара се на ред, нека чуе цел свет!

Трета недела со ред, трето видео од сега веќе серијата соработки на Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ, кои овој проект го започнаа со дуетската верзија на макфестовската „Би те одбрал само тебе“ на Тара, а продолжија со освежената варијанта на уште еден макфестовски хит – „Избриши ги ти солзите“ од Роберт Билбилов.

И покрај тоа што и оригиналите отпеани од Билбилов сè уште звучат свежо и денес, Тара и Барбара им даваат некоја поинаква димензија, дополнета со нов аранжман и продукција, за која се погрижи самиот Билбилов, како и со одлична визуализација од режисерот Зоран Зонде Стојановски. Сето тоа може да се забележи и во новата, штотуку објавена верзија на хитот „Сега јас сум на ред“, чие видео промовирано во 2006 година беше и првиот официјален спот за Билбилов.

Само за потсетување, авторка на стиховите е Сања Николиќ, а музиката, аранжманот и продукцијата се на Роберт. Како што тргнала работата, изгледа дека ќе можеме да очекуваме и цел дуетски албум, а како звучи и изгледа „Сега јас сум на ред“ во изведба на Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ дознајте во продолжение!



Врати се горе ↑