Македонија 10007251_10202590572698497_1975015435043553378_n

24 ноември, 2015

„Сега ми требаш“ е новата песна на Маја Вукичевиќ

Сега ми требаш“ е насловот на новата песна на Маја Вукичевиќ, која веќе може да се слушне во македонскиот радиски етер. Комплетен автор и продуцент е Александар Масевски, кој се погрижи песната да биде со брз ритам и во стилот на песните што ги следат светските трендови. „Сега ми требаш“ ќе добие и видео запис изработен од „Томато продукција“, кој ќе биде претставен наскоро.

Додека го очекуваме новото видео на Маја, уживајте со нејзиниот настап на неодамнешниот „Скопски фестивал 2015“, каде што ја отпеа песната „Силен дожд“, потпишана од Андријана Јаневска.

Фотографија: Фејсбук 



Врати се горе ↑