10 февруари, 2016

„Сега летам“ е новата песна и видео запис на Ана Симоновска

По неколкумесечната пауза после објавувањето на екранизацијата за баладата „До последен миг“, Ана Симоновска деновиве го претстави своето најново музичко парче. Станува збор за темата насловена „Сега летам“, чиј видео запис снимен во Пукет, Тајланд, ги прикажува убавините на оваа земја, а воедно и убаво ја следи атмосферата на песната.

„’Сега летам’ ја обединува мојата пасија да се изразувам преку музика и желбата да креирам видеа од моите патувања“, вели Симоновска, која се потпишува и како автор на музиката и текстот, а аранжманот го направи Дарко Тасев, додека за продукцијата се погрижи Златко Симионски – Зеко.

Покрај музиката, Симоновска креативно се изазува и преку фотографија и видео уредување, а повеќе за сето тоа можете да дознаете од веб-страната anasimonovska.com. Исто така, сите нејзини досегашни музички остварувања можат бесплатно да се преземат на тука или на сервисот Саундклауд.

Во меѓувреме, музичарката настапува и со интернационалниот, соул и блуз бенд Макрекрс“ (The Muckrakers). Првиот заеднички концерт го одржаа во 2008 година, а оттогаш настапија и во Киев, Женева, Рио… Во октомври минатата година одржаа концерт во Лилехамер, Норвешка, а во продолжение Ве очекуваат неколку фотографии од тој настан. Следниот заеднички концерт е закажан за мај годинава, повторно во Киев.



Врати се горе ↑