5 декември, 2017

Сефедин Бајрамов се враќа со „Еден ден ќе ме бараш“

„Еден ден ќе ме бараш“ е најновото музичко остварување на битолчанецот Сефедин Бајрамов, кое веќе ја доживеа својата промоција во градот на конзулите. Текстот е на Огнен Неделковски, автор на музиката е Марјан Нечак, додека аранжманот е на Давор Нечак.

Темата е многу провокативна и поводот можеби малчку и личен, но како што вели Сефко, во него секој може да се пронајде. Ова најново музичко остварување немаше да ја дочека виделината доколку, како што вели Бајрамов, зад него не застанеа угледни и еминентни компании кои финансиски го подржаа проектот. Поголемиот дел од спотот е снимен на грчки локации, за кои било потребна не само морална, туку и финансиска помош.

Проектот е реализиран со екипа на ТВ Антена од Солун, но македонската екипа на продукцијата на Дарио Јанковиќ. По битолската промоција ќе следува и промоција за целокупната македонска јавност во Скопје, а како изгледа и звучи најновото од Сефедин Бајрамов можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑