Видео

24 јуни, 2019

Себастијан Јатра, Деди Јенки, Нати Наташа и „Џонас брадс“ ќе ве заразат со „Runaway“

Во првите денови од летото пристигнуваат и првите летни хитови кои сигурно ќе бидат едни од најслушаните во следниве неколку месеци, а како и во последниве неколку години, најпопуларните се токму латино-хитовите. Предводници се, секако, музичките ѕвезди од шпанското говорно подрачје, претежно од Порторико и Колумбија, на кои им се придружуваат американските колеги, придонесувајќи за уште поголем успех.

Најновата соработка е онаа на колумбиската ѕвезда Себастијан Јатра, порториканскиот рапер Деди Јенки и доминиканската дива Нати Наташа со американското братско трио „Џонас брадс“, кое неодамна се врати на сцената по пауза од шест години. Сите тие ги здружија силите за регетон-хитот „Runaway“, кој ќе ве зарази уште при првото слушање и ќе ве натера да танцувате.

Сето тоа дополнето со шарено и разиграно видео можете да го слушнете и видите во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑