Балкан bora - rts

29 март, 2013

Се залага за толеранција: Хрватска на маицата на Бора Чорба!

Познатиот рокер Бора Ѓорѓевиќ синоќа гостувал во емисијата „Да, можеби, не“ во која зборувал за толеранцијата. Фронтменот на бендот Рибља Чорба се појавил во маица на која пишува „Фан клуб Хрватска“.

„Јас сум за толеранција! Јас не мразам никого! Да се биде националист значи да се биде припадник на својата нација и да се сака својата нација. Тоа е нешто многу позитивно. Да се биде шовинист значи да се мрази некој друг и тоа е многу негативно.“ – рекол Бора Чорба во емисијата, кој додал дека на овој начин сака позитивно да влијае врз младите.

Извор и фото: Pulsonline.rs

 



Врати се горе ↑