Свет Kriss-Kross

18 јануари, 2013

Се враќаат Крис Крос?

Крис Кели и Крис Смит, попознати како The Mac Daddy и The Daddy Mac, а најпознати како Крис Крос, некогашното тинејџерско хип-хоп дуо кое се прослави со мегапопуларниот хит „Jump“ во 1992 година, по 15 години пауза (официјално престанаа со работа 1998), го најавуваат нивното враќање на музичката сцена. Како што пренесуваат бројните медиуми, Крис Крос за следниот месец во Атланта го најавија првиот настап во изминатите две децении, на прославата 20 години постоење на издавачката куќа So So Def Recordings, наведувајќи ги на шпекулации бројните медиуми дека дуото можеби подготвува повратничко издание. Повеќе детали следуваат наскоро, а во меѓувреме да се потсетиме на нивниот голем хит „Jump“.

 

 



Врати се горе ↑