Свет Gorillaz-640x439

2 февруари, 2015

Се враќаат „Горилаз“

Мурдок, Нудл, Расел и Ту-ди повторно се враќаат на музичката сцена. Благодарение на уметникот Џејми Хјулит, сега знаеме дека омилениот анимиран бенд „Горилаз“ наскоро ќе понуди уште хитови како што своевремено беа Clint Eastwood, „Feel Good Inc.“, „19-2000“, „Dare и други.

Имено, Хјулит деновиве на Инстаграм објави фотографии од басистот Мурдок и гитаристот Нудл, а на лавината коментари од фановите кои прашуваа дали ова е најава за враќање на сцената, Хјулит одговори едноставно: „Да. Горилаз се враќаат.“

Виртуелниот бенд, оформен во 1998 година, досега има снимено 4 студиски албуми, од кои последниот насловен „The Fall“ беше објавен во 2011 година. Имаат освоено повеќе награди, меѓу кои и 1 Греми награда за хитот „Feel Good Inc.“ со „Де Ла Соул“ во категоријата „Најдобра поп вокална соработка“ во 2006 година.



Врати се горе ↑