27 април, 2013

Се вклучи нов „Аларм“ во Македонија

Во Струмица се роди нов поп-рок бенд којшто веќе една година настапува во ноќните клубови и на најголемите случувања на локално ниво. Денес е официјалната интернет-промоција на првиот спот на бендот „АЛАРМ“ насловена „Не ме допирај“. Во недостаток на квалитетни композитори, музиката и текстот го напиша нивниот гитарист Димитар Арапов, а аранжманот е на Валентино Скендеровски.

Најсилен адут на бендот е младата Александра Јанева, талентирана средношколка којашто минатиот месец ја воодушеви јавноста со својата победа на натпреварот на Француска шансона. За визуализацијата на песната се погрижи Универзитетот за аудио визуелни уметности ЕСРА и како главни актери се појавуваат Александра и Живко (вториот гитарист), двајцата матуранти од струмичката гимназија.

На 7 мај „АЛАРМ“, заедно со „НОКАУТ“, ќе имаат свој unplugged настап на хуманитарниот велигденски концерт во Струмица, а видео записот за „Не ме допирај“ можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑