Македонија lozano-evrosong

24 февруари, 2013

Се снима видео запис за евровизиската „Империја“

Непосредно пред промоцијата на евровисизката песна „Империја“ со која Есма Реџепова и Влатко Лозаноски – Лозано ќе ги бранат боите на нашата земја, деновиве се снимаше видео запис кој се надеваме дека ќе биде готов до среда, 27-ми февруари, кога премиерно ќе го чуеме дуетот од овие два прекрасни вокали.

Како што пишува primetime.mk,  дел од спотот за песната се снимаше вчера кај новиот споменик (Прометеј) во паркот Жена Борец до Градскиот Трговски Центар, а Лозано веќе сподели слика пред самото снимање на видеото. Покрај овие обврски, Влатко неодамна заврши со снимање на видео записот за баладата „Ако не сум тој“, која се наоѓа на неговиот актуелен албум „Преку седум мориња“.



Врати се горе ↑