Македонија 296101_272868222727818_4057094_n

28 декември, 2012

Се сеќавате ли на Коста Хаџикојчев од Идол?

Ова младо талентирано момче прв пат се претстави на македонската јавност кога пред две години се пријави на музичкото шоу Македонски Идол, каде што веднаш ги воодушеви членовите на жирито со одличниот глас и беше еден од најмладите натпреварувачи со само 14 години. Штета што не успеа подолго да се задржи таму, но сепак Коста не запира тука. Минатата година освои награда за најдобар странски изведувач и Гран при на фестивалот „Еуростарс“ што се одржа во Малта, а најновото од него е тоа што има направено неколку преработки на познати хитови кои ги отпеа само во придружба на гитара. Секако на ваков одличен глас не му треба ништо повеќе. Уживајте во oдличните изведби од овој надежен млад гевгеличанец Коста Хаџикојчев.

Breakeven (The Script)

 

Nobody’s Perfect (Jessie J)

 

 



Врати се горе ↑