Балкан 7

21 ноември, 2012

Се разведува Нина Бадриќ

На хрватските медиуми осамна веста дека поп пејачката Нина Бадриќ се разведува од нејзиниот сопруг со кој се заедно 11 години, од кои 6 во брак. Извор близок на семејството на пејачката изјавил дека Нина пред два месеца ги поднела документите за развод и дека наскоро треба да е готово.

Иако поминува низ тежок период, Бадриќ е постојано насмеана во јавноста, особено на нејзините концерти кои ги одржува периодов славејќи 20 години музичка кариера.



Врати се горе ↑