Концерт 12166_501995813250235_592738927_n

25 февруари, 2014

Се распродава концертот на Кики Лесендриќ и Пилоти и ѕвездите од X Factor

За само пет дена продадени повеќе од 2000 влезници за концертот на Кики Лесендриќ и Пилоти закажан за 14-ти март во Скопје. Освен Кики на сцената во „Борис Трајковски“, како што е веќе најавено, ќе се појават и најголемите ѕвезди во подем од популарниот X Factor: Лукијан Ивановиќ, Алекса Перовиќ, Тамара Милановиќ, Доктори и нашиот Даниел Кајмакоски. Гласовите кои што за кратко време го освоија регионот на 14-ти март во живо од сцената во „Борис Трајковски“ ќе го освојат и Скопје, а и цела Македонија.

Бројката од 2000 влезници за само пет дена е показател дека концертот ќе биде распродаден многу побрзо од очекуваното. Организаторот на концертот Балкан Медија уште еднаш потенцира дека цената од 350 денари за партер и 400 денари за трибина важи до 5-ти март.

Сите кои што веќе обезбедиле влезница, но и оние коишто планираат тоа да го направат во деновите кои што доаѓаат, ќе присуствуваат на регионален музички спектакл којшто ќе трае повеќе од два часа. Вистинска балканска журка на која публиката во еден глас ќе пее со оние чиј фактор ги освои изминатиов период. Концерт кој што освен ѕвездите од X Factor, посебен ќе го направи и шаренилото од публика. Повозрасните со Кики Лесендриќ и Пилоти ќе се сеќаваат на „Заборављени”, „Како си лепа”, „Мала плава” и многу други, а помладите пак, со Алекса, Лукијан, Тамара, Даниел и Доктори, придружувани од бенд, ќе се журкаат со музиката од едни понови времиња.

Освен неповторливиот спектакал со Кики, Пилоти и ѕвездите на X Factor, организаторот најавува уште многу изненадувања за време на самиот концерт. Влезниците во продажба на продажните места на Купи карти за сè и МК Тикетс, како и на стандардните продажни места низ Скопје: Пола Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад – Рамстор. Цената на влезниците до 5-ти март е: трибина – 400, партер – 350, фан пит – 700 и вип трибина – 1000. 



Врати се горе ↑