Свет Coldplay

24 ноември, 2012

Се распаѓаат Колдплеј?

Славниот британски бенд Колдплеј е пред распаѓање. Оваа шпекулација проструи низ светските медиуми по најавата на фронтменот Крис Мартин по завршувањето на австралискиот дел од светската турнеја во Бризбејн дека ќе направат тригодишна пауза.

„Ова е последна поголема свирка што ќе ја имаме во следните, од прилика три години. Затоа не сакавме да застанеме со свирење и пеење“ – изјави Мартин.

Светската турнеја им завршува во САД со неколку концерти во декември, по што следува најавениот подолг одмор, кој според многумина се толкува како чекор кон распад на бендот.

 



Врати се горе ↑