Балкан doktori

17 јули, 2014

Се распадна групата Доктори од X Фактор?

Групата Доктори која беше составена на првото издание од регионалниот музички натпревар X Фактор, сепак се распадна. Веста на својот профил на Фејсбук ја соопшти Кристина Ковач, која беше нивна менторка за време на натпреварот: „Иако знам дека ова ќе предизвика нов бран на развлекување по медиумите, сметам дека имам обврска да ве известам дека и покрај повеќемесечниот труд за успешна кариера на Докторите, групата повеќе не постои“, напишала Ковач, додавајќи дека успеала да добие и понуда од една од водечките светски дискографски куќи, но членовите еден по еден почнале да се откажуваат од заедничкиот проект.

„Еден од членовите ја напушти групата веднаш по завршувањето на X Фактор, без никаква желба да продолжи понатаму, дури и кога знаеше дека бендот има можност за соработка со оваа интернационална компанија. Другиот член во еден момент, според мојата и проценката на остатокот од групата, почна да се однесува како да не е дел од бендот, ставајќи ги своите интереси пред интересите на групата, па врз основа на моето досегашно искуство, признавам дека реков дека нема повеќе да работам со нив“, вели познатата музичарка.

Од друга страна, пак, Урош Туркулов за српски Блиц изјавил: „Кристина Ковач нема право да изнесува такви информации бидејќи таа не ги поседува Докторите. Може да ја прекине соработката со групата и тоа е тоа, а Докторите ќе престанат со работа кога ние ќе го напишеме и заеднички потврдиме тоа“, рекол Туркулов.

Составена од Армин Маликиќ, Предраг Антиќ, Марко Балабановиќ, Урош Туркулов и Никола Станојевиќ, групата Доктори за време на натпреварот постигна голем успех достигнувајќи до големото финале и пласирајќи се на четврто место, а во изминатиот период гостуваше на многу музички манифестации во регионот, заедно со останатите финалисти од натпреварот. По завршувањето на натпреварот, Докторите ја снимија својата прва песна, дуетот со Кристина Ковач насловен „Умиру јелени“, кој беше претставен како најава за големиот концерт одржан на 7 јуни во Скопје.

 



Врати се горе ↑