Балкан 541660_723530701101399_8422791308303590521_n

14 април, 2015

Се приближува крајот на аудициите на „Х фактор“

По четвртата епизода на „Х фактор“, којашто имавме можност да ја проследиме во неделата, ни останува уште само една емисија пред да започне втората фаза од натпреварот – регрутниот камп, во чии рамки годинава е водедено правилото „предизвикот на 6 столчиња. Имено, членовите на жирито, кои ќе добијат улога на ментори на четирите категории: девојки до 27 години, момчиња до 27 години, вокални групи и постари од 27 години, ќе имаат задача да ги одберат шесте најдобри кандидати од својата група.

Во изминатите четири епизоди бевме сведоци дека и годинава се пријавиле одлични кандидати, а се надеваме дека меѓу 12 финалисти ќе се најдат и нашите натпреварувачи Алмир Исмаили, Давид Темелков и дуото „Спарклс“ од Скопје, битолчанката Марија Груевска, како и браќата Горан и Саша Спасиќ од Скопје, чии аудиции ги видовме во неделата.

Покрај браќата од Скопје, минатонеделната епизода понуди дел од можеби најдобрите аудиции досега, кои можете да ги погледнете во продолжение, а во последниот дел од оваа фаза, кој ќе го гледаме в недела, се надеваме дека ќе ги видиме и аудициите на нашиот Боби Мојсоски, како и ќерката на Сузана Манчиќ – Теодора Куниќ.

И.Ј.



Врати се горе ↑