Настани Potocinja_Poster_2015_Preview

30 март, 2015

Сè помалку билети за „Поточиња 2015“

На 4 и 5 април, во Македонската опера и балет, ќе се одржи 12. издание на детскиот фестивал „Поточиња“. Огромниот интерес за овој реномиран детски фестивал си го направи своето, така што во продажба можат да се најдат уште мал број на билети. Од организаторот информираат дека сè е подготвено за уште една прекрасна детска музичка приказна и истакнуваат дека од ден на ден има сè помалку билети. Тие апелираат до сите родители да ги обезбедат своите билети на време.

За таа цел „Поточиња“ ќе одржат шест претстави со следните термини: 04.04.2015 (сабота): 11.00, 13.00 и 19.00 часот и 05.04.2015 (недела): 11.00, 13.00 и 19.00 часот. Билетите за „Поточиња“ 2015 можат да се најдат на касата на МОБ, касата на Универзална сала, Југотон, Камарад Рамстор и цвеќара Розе Веро 2.



Врати се горе ↑