Настани LoveFest 5

16 јуни, 2014

Се подготвува најголемиот љубовен остров на Балканот

Новиот простор предвиден за овогодинешното издание на ЛавФест (LoveFest 2014), сместен до градското езеро се протега на 20 000 метри квадратни и може да прими и до 15 000 посетители во една вечер. Дополнително, кампот кој ќе биде поставен во фестивалската зона годинава се очекува да ја надмине бројката од 500 кампери.

„Сакаме секоја година да растеме, па одлучивме да ја промениме локацијата и да го направиме најголемиот остров на љубовта во Србија. Сигурни сме дека секој посетител ќе пронајде нешто уникатно кое ќе го задоволи неговиот музички апетит и дека сите заедно ќе уживаме во трите љубовни фестивалски денови”, изјавија од тимот задолжен за организација на фестивалот.

Најголемиот музички фестивал кој ги обединува младите од целиот Балкан, ова лето ќе се одржи повторно во Врњачка бања, централна Србија. Покрај фантастичната музичка програма која е воедно и најквалитетна од сите досегашни изданија, новина е и промената на локацијата на одржување на фестивалот. Сместен во најубавиот дел на градот, покрај Врњачкото езеро, ЛавФест ќе биде вистинска љубовна приказна која ќе ја слави музиката, но и пријателството и солидарноста како едни од постулатите на самиот фестивал. Фестивалот кој низ изминатите 7 години беше домаќин на имиња како Кевин Сондерсон, Карл Крег, Буч, Гуд Грув, Грамофонџие, Дарквуд Даб, годинава со уште поатрактивна музичка понуда за фановите.

Од хаус и техно, преку хип-хоп, сè до познати регионални рок звуци, петте сцени кои ќе бидат поставени ќе понудат музички избор за сечиј вкус. Сепак, она што со гордост го најавуваме е главната сцена и настапот на легендите на техно сцената, директно од Детроит пристигнуваат Џеф Милс, Кени Ларкин и Роберт Худ. Овие тројца предводници на светскиот техно звук ќе се појават на главната сцепа, што претставува вистински раритет да се појават сите тројца на едно место. Џеф Милс, кој низ музичките кругови е попознат и како „The Wizard” заради неговата исклучителна техника и Роберт Худ се воедно основачи на Axis етикетата, вистински епитом за техно звук. Ним им се приклучува и Кени Ларкин, со што го комплетира одличното трио кое ќе ја креира атмосферата на главната сцена.

Воедно, свое појавување пред балканската публика ќе има и светски познатата прогресивна хаус атракција Eрик Придз. Она што е навистина значајно да се напомене дека Придз се појавува само на најзначајните европските фестивалски збиднувања, па неговиот настап на ЛавФест ќе биде уникатна можност да се ужива во негов сет. Во Врњачка бања пристигнува холандската дип хаус ѕвезда Tом Траго, техно дуото Тифшварц, како и познатиот британски диџеј и продуцент Mарк Најт. Фестивалот ќе го затвори Џејмс Забиела, со вториот негов настап на ЛавФест 2014.

Енерџи сцената е резервирана за претставниците на диско звукот Адана Твинс, Финбасен и Доктор Дру, надополнети со Тама Сумо, Борис Вернер и Левон Винсент, сопственик на ремонираната издавачка куќа Novel Sound.

Како доказ на фактот дека ЛавФест 2014 е наменет за сите музички вкусови, говори и фактот дека едни од главните изведувачи на фестивалот се Партибрејкерс, Канду Коџа и Небојша, Рамбо Амадеус, С.А.Р.С, Бед копи, хрватската рок атракција Лет 3, Никола Врањковиќ, Ритам Нереда како и популарното црногорско дуо Ху Си. Ова се само дел од изведувачите наменети за љубителите на „поцврстиот” звук.

Посетителите на фестивалот ќе можат да уживаат и во сетовите на младите диџеи од регионот како и да се забавуваат на уникатната Сајлент сцена. Конечно, предвидена е и зона со амбиентални звукови во добропознатата „Чил“ зона.

Како на Лавфест? За 999 денари! За секои три карти, уште еден билет гратис!

Хајнекен Лавфест 2014 е замислен како тродневно уживање со уникатни музички настапи, но и многу останати интересни содржини. Картата за сите три фестивалски денови изнесува 999 денари. За првите 30 купувачи е обезбеден бесплатен кампинг. Цената на кампинг просторот е 600 денари (10 евра), со дополнителна цена од 600 денари (10 евра) за изнајмување на шатор. Она што е посебно провокативно за сите друштва кои ќе дојдат на фестивалот е можноста, за три купени билети да се добие еден гратис. Со тоа се овозможува што повеќе љубители на квалитетната музика, но и на добрата фестивалска забава да дојдат во Врњачка бања и да уживаат во „најљубовниот” фестивал на Балканот, Хајнекен ЛавФест 2014.

Картите можат да се купат од продажната мрежа на МКТикетс како и сите продажни салони на ОНЕ.

Повеќе информации на официјалната фан страна за Македонија.



Врати се горе ↑