Галерија scena3

18 октомври, 2012

Се отвори нов ноќен клуб во Битола

Во средата (17.10.2012), во Битола беше свеченото отворање на ноќниот клуб „Сцена“. Битолчани и сите оние кои сакаат добра забава ќе имаат уште еден избор во градот на конзулите. Клубот Сцена се наоѓа на плоштадот „Магнолија“ во стаклената зграда во центарот на градот.

На отворањето, гостите ги забавуваа најдобрите битолски диџеи како што се DJ Tања, DJ Aце Мице, DJ Андреј Ѓошев, DJ Боца и други.

Клубот во редовната програма ќе има и доста гостувања од пејачи и музички бендови од целата држава. За повеќе информации за сè она што ќе се случува таму, посетете ја страницата на фејсбук и ќе дознаете каков тип на забава ве очекува токму во клуб „Сцена“.

Фотографиите се превземени од konzuli.com

 



Врати се горе ↑