Концерт 12166_501995813250235_592738927_n

7 март, 2014

Се откажува концертот на Кики Лесендриќ во Скопје

„Поради големото супер финале на X Фактор во Комбанк арената во Белград на 23.03.2014, нашиот член на жирито Кики Лесендриќ одлучи својот концерт на 14.03.2014 во Скопје во спортската арена Борис Трајковски да го одложи за средината на мај 2014 и да подготви спектакуларен концерт со сите финалисти на X Фактор и специјалните гости, како што тоа Македонија всушност го заслужува.“ – соопштуваат од МБК Продукција, која стои позади проектот X Factor.

„Македонија се покажа како најголем љубител на X Фактор во регионот, и во оваа прилика МБК Продукција сака да ги повика сите гледачи да ги подржат суперфиналистите на X Фактор Адрија на закажаното супер финале на 23-ти март во Комбанк арената во Белград.“ – порачуваат организаторите. Влезниците во Македонија можaт да се најдат во туристичките агенции Папилон, Атлантис, како и во Југотон и Extreme Entertainment.



Врати се горе ↑