Настани Zlatni 2015 jpg (1)

26 јуни, 2015

Сè е подготвено за „Златните денови“ во Кратово!

Уште само неколку часа до почетокот на „Златните денови“ во Кратово. Сè е подготвено за овогодинешното издание на оваа манифестација која викендов ќе ги собере најдобрите музичари од Балканов и Македонија на едно место. Капацитетите се пополнети, се бара место повеќе по хотелите и апартманите. Очигледно, овој викенд сите правци водат во градот на мостовите и кулите  Настанот кој ќе ги обедини, зближи и поддржи македонските музичари е причина плус зошто овие денови треба да се биде во Кратово.

Официјалниот почеток на вечерната петочна програма е закажан за во 20 часот и 30 минути, која ќе биде во чест и посветена на неповторливиот македонски народен пејач Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот „Академци“ под водство  на маестро Сашо Ливрински.

Во продолжение на вечерта ќе настапат ѕвездите од овогодинешниот „Х ФАКТОР“ – Боби Мојсовски, Давид Темелков, Ива и „9 контрол“, како и нашиот минатогодишен победник и претставник на овогодинешниот избор на „Евровизија“, Даниел Кајмакоски. Оваа вечер на главната бина ќе можеме да уживаме и во енергичниот настап на „Куку леле“.

Забавата за присутните ќе продолжи и после полноќ, на базенот во Кратово, каде по 01.00 часот ќе настапат  диџеј Дела,  диџеј Жак и диџеј Кокс.

Директен пренос од „Златни денови Кратово“ ќе има на телевизија „Сител“. За детални информации може да ја погледнете и Фејсбук фан страницата на „Златни денови Кратово 2015“.

Само за потсестување, „Златните денови“ во Кратово започнуваат денеска, на 26 јуни и траат сè до 28 јуни. Сите правци викендот водат кон Градот на мостовите и кулите, Кратово.



Врати се горе ↑