Настани bojanmarovik

30 септември, 2015

Сè е подготвено за „Вино-Скоп 2015“

Сè е подготвено за почетокот на „Вино-Скоп 2015“. На паркингот зад спортската сала „Борис Трајковски“ кај Аква Паркот веќе се поставени 20-те штандови и шаторите на најдобрите македонски винарии: Тиквеш, Картал, Стоби, Повардарие, Визба Валандово, Лозар, Дудин, Бовин, Сковин, Пивка, Шате Сопот, Далвина, Камник и Винотека Темов.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во врвни вина по промотивни цени на секој од штандовите, а да пробаат и нешто поразлично на штандот со вински коктели – сангрија и вино мохито.

Доброто вино оди со добро мезе, а на фестивалот ќе има неколку места каде што ќе може да се пробаат вкусни македонски деликатеси: сирења, кашкавал, скара, сувомеснати производи. За првпат оваа година ќе има и веган корнер – штанд со веганска храна.

Фестивалот го отвора диџеј Тина во 17.00 часот, а по неа следуваат „Чил плеј“, „Ај кју“, Тајзи и гостите од Црна Гора и Србија- Бојан Маровиќ и Дејан Цукиќ Цуки. 

Како и секоја година, така и оваа традиционално плаќањето се врши со фестивалски бонови, кои ќе може да ги купите на влезовите на фестивалот.

Конзумирајте одговорно и не возете доколку пиете!!!

Се гледаме на „Вино-Скоп 2015“ – есенска приказна која уште долго ќе се прераскажува!



Врати се горе ↑