Галерија Generalna proba_Skopski festival (4)

11 ноември, 2013

Сценско уживање и 20 одлични песни нè очекуваат на Скопски фестивал 2013

Одбројувањето до почетокот на Скопски фестивал 2013 започна, а полека се откриваат и детали за најмузичката вечер во Скопје. Црвен тепих, гламур и сценски спектакл нè очекува на годинешното издание. На генералната проба беа откриени дел од деталите кои ова издание ќе го направат најдобро до сега. Организатор на фестивалот, Македонската радио-телевизија ветуваат дека вечерта на 12-ти ноември ќе биде незаборавна, а сите 20 композиции ќе бидат новите македонски хитови за следната година.

Сцената на Македонската опера и балет е целосно изменета и прилагодена на претстојното мултимедијално шоу. Изведбата во живо на секоја од песните, од страна на оркестар составен од 54 академски музичари под диригентската палка на Љупчо Мирковски, ќе направат овој фестивал да биде израмнет со најпознатите европски музички фестивали.

Специјално сценско осветлување и лед дисплеи ќе ја украсуваат сцената, а дополнителни режисерски елементи и уште неколку тајни ќе придонесат за импресивно фестивалско издание. Сите изведувачи и авторите на песните фестивалот ќе го следат од зелената соба од каде ќе има и вклучувања во живо, разговори со изведувачите и коментари за песните и изведбите.

23 музичари ќе изведат 20 композиции од врвни авторски имиња. На импозантната сцена ќе се докажуваат македонските млади, но и веќе потврдени музички имиња. Сите ќе се натпреваруваат за признание од публиката, но исто така за и некоја од трите вредни награди што оваа година ги доделува Скопски фестивал 2013.

Во улога на водител ќе се појави познатиот актер Васил Зафирчев, а кој сè ќе запее на сцената во МОБ можете да се потсетите на овој линк.



Врати се горе ↑