Македонија scBorisT

17 септември, 2014

СЦ „Борис Трајковски“ ја пушти во употреба новата редизајнирана веб страна

Спортскиот Центар „Борис Трајковски” и официјално ја претстави новата веб страна (www.scboristrajkovski.gov.mk), која од денес започнува со работа. Истата е комплетно редизајнирана, и е насочена кон промоција на активностите поврзани со центарот кои отсега ќе бидат лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија.

Отсега, сите содржини и активности поврзани со СЦ Борис Трајковски, граѓаните ќе можат да ги најдат на новата, редизајнирата веб страна. Како што веќе беше најавено, страницата е user friendly и лесна за навигација, а најзначајна новина е фактот што истата ќе биде постојано ажурирана со цел доставување релевантни и навремени информации до пошироката јавност“, изјави г-дин Златко Перински, директор на СЦ „Борис Трајковски“.

На новата веб страна на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат претставени и сите новитети, пакет понуди и промотивни активности кои центарот ќе ги организира во следниот период, сè со цел доближување на институцијата до граѓаните и полесен пристап до содржините.



Врати се горе ↑