19 мај, 2017

„Саут парк“ со прва екранизација за синглот „Најмил мој“

„Најмил мој“ е насловот на новиот сингл на групата „Саут парк“ (South Park). Оваа урбана скопска група ја сочинуваат: Светлана Јовановска-Трајкоска – вокал, Зоран Костадиновски – гитара, Виктор Николовски – бас гитара, Благојче Пенов – тапани и Горјан Стојменовски – гитара.

1451373_10151694518590997_1915798084_nФотографија: Кристијан Теодоров

Песната е авторско дело на самите членови на бендот, односно музиката е на Зоран Костадиновски, текстот го потпишува Светлана Јовановска-Трајкоска, а аранжманот им е заеднички, додека миксот и мастерингот ги изработи Александар Масевски. Екранизацијата на „Најмил мој“, која воедно е и прва за бендот, е дело на Александар Ристовски – Принц, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑