29 јануари, 2013

Саундгарден го претстави спотот за „By Crooked Steps“

Како што неодамна беше најавено, поранешниот член на легендарниот бенд Нирвана и актуелниот фронтмен на Фу Фајтерс, Дејв Грол заплива во режисерските води. Имено, по неговото режисерско деби за филмот „Sound City“ , тој го режираше и видео записот за нумерата „By Crooked Steps“ на бендот Саундгарден, кој е втор сингл од новиот албум „King Animal“, а првиот сингл кој исто така доби и видео издание беше нумерата „Been Away Too Long“ , со кој бендот се врати на музичката сцена по шеснаесетгодишна пауза.

Видео изданието на вториот сингл „By Crooked Steps“ пристигна вчера, па погледнете како тоа изгледа горе.



Врати се горе ↑