Македонија simona crown 4

29 октомври, 2014

„Саунд месинџерс“ специјални гости во финалето на „Мис Глоуб 2014“

„Саунд Месинџерс со настапи и надвор од границите на државата

На покана на главните организатори на „Мис Глоуб (Miss Globe) 2014“,  популарното дуо „Саунд месинџерс“, односно диџеј Ерик Фокс и атрактивната Симона Попоска, која во моментов важи за една од најубавите пејачки на македонската естрада, ќе настапат како специјални гости на последната финална вечер и „after party“ забавата од изборот за убавина којшто оваа година ќе се одржи во Скадар, Албанија. Оваа грандиозна манифестација, која е веќе започната од 24-ти месецов, ќе трае сè до 8 ноември, кога е закажано големото финале.

На светско ниво, оваа година е четириесет и првото издание на „Мис Глоуб“, а единаесетто во Албанија на кое ќе учествуваат 50 држави од 5 континенти. И Македонија има своја претставничка, а тоа е прекрасната Надица Димковска од модното студио „Црнокрак“, на која ѝ стискаме палци за да ја преземе круната на минатогодишната победничка од Романија.



Врати се горе ↑