Македонија

9 јуни, 2016

„Саунд месинџерс“ најавуваат нов летен хит

После пауза од речиси две години, дуото „Саунд месинџерс“ конечно ќе нè израдува со нов сингл. Имено, популарната пејачка Симона Попоска, која минатиот викенд забележа уште еден голем успех освојувајќи ги второто место и наградата за најдобар сценски настап на годинешното 31. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, заедно со долгогодишниот соработник и продуцент, диџеј Ерик Фокс, веќе работат на нова песна што ќе биде на англиски јазик и ќе биде малку поразличен поп-денс стил, кој досега не сме го чуле во нивните заеднички песни. Автор на музиката и аранжманот е Ерик, додека текстот е на Давид Димовски.

„Летото и летните забави се пред нас, па време е за жешка и енергична песна, со која се надеваме ќе ги израдуваме сите нашите фанови со кои се дружиме по нашите клубови и дискотеки“, изјавија Ерик и Симона.

Додека го очекуваме новиот летен хит, кој би требало да се појави до крајот на месецов, уживајте со нивниот последен сингл во соработка со Панчо од ДНК, темата Endless Love!



Врати се горе ↑