4 ноември, 2013

Саша Ковачевиќ запеа на англиски и ќе ја освојува светската сцена

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ неодамна го претстави својот нов сингл на англиски јазик, а со темата насловена „Nothing But The Faith“ пејачот ќе се обиде да зачекори на светската музичка сцена. Како автори на овој сингл се потпишува самиот Саша и неговиот брат Раде, текстот е на Кристал Оливер, додека аранжманот го направи Бојан Дугиќ, кој мастерингот на песната го направи во Њујорк. Видео записот е во режија на Ведад Јашаревиќ, додека за визуелните ефекти и постпродукцијата беше задолжен Иван Код.

Nothing But The Faith“ можете да ја слушнете и видите горе.



Врати се горе ↑