9 април, 2017

Саша Ковачевиќ запеа и на шпански

Како логично продолжение на соработката со продуцентите Луис Сантана и Педро Васкез, популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ запеа и на шпански јазик, а прв резултат од овој нов подвиг е шпанската верзија на минатогодишниот летен хит „Температура“.

Песната воедно е и најава за цел албум на шпански јазик, а неговите соработници во Мајами веќе работат на новиот материјал. Како звучи сето тоа можете да слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑