3 јули, 2016

Саша Ковачевиќ со разигран видео запис за „Замало твој“

Популарниот спрски пејач Саша Ковачевиќ, кој во рамките на својата летна турнеја изминатите денови настапуваше низ повеќе градови во Македонија, неодамна го претстави својот нов сингл „Замало твој“. Автор на текстот е Милош Рогановиќ, а музиката и аранжманот се на Саша и неговиот брат Раде Ковачевиќ. Соодветно за летниот латино звук, песната доби одличен видео запис снимен на Куба, под режисерската палка на Луис Родригез и Педро Васкез, кои се познати по соработките со светски познати ѕвезди како што се Џенифер Лопез, Енрике Иглесијас и други.

Како изгледа и звучи „Замало твој“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑