Концерт 1621753_10203050104274278_111299755_n

17 февруари, 2014

Саша Ковачевиќ со ексклузивен концерт во Експо Центар

После одличниот концерт за денот на вљубените на најдобриот македонски поп бенд на сите времиња – Нокаут, Експо Центар ви најавува ново исклучително музичко доживување, овој пат со момчето кое ги плени сите женски срца на овие простори, Саша Ковачевиќ.

Оваа сабота, 22-ри февруари, ќе биде денот на одржување на мега концертот на шармерот по кој лудува женската популација. Лапсус, Бежимо из града, Случајно, Идемо до мене, Још ти се надам, Могли смо све,  ќе бидат само дел од репертоарот на Саша во сабота во Експо Центар.

Концертот ќе започне на полноќ, а влезниците се веќе пуштени во претпродажба по суперпромотивна цена од 250 денари до четврток (20-ти февруари) во Југотон, Камарад Рамстор, Цвеќарница Розе Веро 2, а во петок и сабота влезниците ќе чинат 300 денари.

Не пропуштајте го ова ексклузивно музичко гостување на Саша Ковачевиќ во Експо Центар.



Врати се горе ↑