18 мај, 2015

Саша Ковачевиќ продолжува да соборува рекорди со новиот видео запис

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ деновиве го објави својот нов видео запис за песната „Где смо моја љубави“, кој за само 2-3 дена беше прегледан преку 800.000 пати. Пејачот повторно се одлучи за егзотични локации, така што видео записот е снимен на прекрасните плажи во Тајланд, а друштво му прави згодната Тајландка Васана Срипхул (Vasana Sriphool).

Како што пишуваат српските медиуми, Саша е единствениот пејач во регионот кој снима видео записи во ултра HD-4K резолуција. Станува збор за поголема резолуција и деталност на сликата која е двојно поголема од стандардната (HD) „висока резолуција“, на што можат да му завидуваат и многу светски ѕвезди. Многумина велат дека токму овој е најскапиот српски видео запис на сите времиња, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑