22 ноември, 2015

Саша Ковачевиќ го прослави својот „Роденден“

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ деновиве го објави својот најнов видео запис за темата насловена „Роденден“, чиј текст го потпишува Милош Рогановиќ, а музиката е дело на самиот Саша и неговиот брат Раде Ковачевиќ. Видео записот, кој за само 2 дена собра приближно 500 илјади прегледи на Јутјуб, се снимаше на неколку локации во Белград и, како што пишуваат српските медиуми, е еден од најскапите видеа на пејачот.

Како Саша го прослави својот „Роденден“ можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑