Свет Sacha_Baron_Cohen-Freddie

23 јули, 2013

Саша Барон Коен нема да го игра Фреди Меркјури?

Како што е познато, актерот и комичар Саша Барон Коен (требаше) да ја игра улогата на легендарниот Фреди Меркјури во биографскиот филм закажан за следната година. Но, како што пренесуваат британските медуми, актерот кој се прослави со улогите на Али Џи и Борат, сакал филмот да биде за хедонистичкиот и разуздан живот на пејачот, додека колегите од групата Квин сакале тоа да биде малку „прочистена“ верзија за поширока публика.

Режисерот Том Хупер („Говорот на кралот“, „Клетници“) сакал да го режира овој филм, но членовите на Квин не се согласиле со тоа, туку го одбрале Питер Морган, чие сценарио би го опфатило периодот од основањето на групата сè до настапот на Live Aid.

 



Врати се горе ↑