21 декември, 2015

„Сарајка“ е новата песна на Аднан и Тарик од „Х фактор“

Босанското дуо Аднан и Тарик, кое го запознавме во втората сезона од регионалниот „Х фактор“, беше навистина голем фаворит за победа, но го напушти наптреварот на само чекор од суперфиналето, пласирајќи се на 7. место. Но, сите знаевме дека тоа не е крај за младите момци, а доказ за тоа е нивниот неодамна објавен сингл „Сарајка“, чиј комплетен автор е Исмет Половина. За својата прва песна дуото сними и видео запис по сценарио и режија на Адмир Цврчанин, а како изгледа првенчето на талентираните Босанци можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑