Македонија sara

7 декември, 2016

Сара Мејс возврати на критиките за „Кастинг талент шоу“

Сара Мејс е дел од жирито на новото музичко „Кастинг талент шоу“, кое од минатата недела започна да се емитува на телевизија „Канал 5“. По првите епизоди од кастингот, чија цел е да открие талентирани пејачи за новиот мјузикл посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“, на социјалните мрежи осамнаа доста критики, на кои пејачката возврати дека е сигурна во своето и жирирањето на Игор Дурловски и Игор Џамбазов, а од шоуто ќе излезат доста талентирани пејачи.

„Решив коментарите на социјалните мрежи да не ги читам и да не се замарам со непотребни работи. Колку што има негативни, исто толку има и позитивни коментари, а тоа ми е најважно. Знаете, ние Македонците отсекогаш сме плукале и ќе плукаме по она што е наше. Има луѓе на кои никогаш ништо не им се допаѓа и јас тоа не можам да го променам“, изјави Сара за Вечер.

15170987_10211950397301088_1739737488934466703_n

„После првата аудиција цела ноќ не можев да заспијам затоа што ме прогонуваа ликовите на оние на кои им кажав ’не’. Чувствував грижа на совест, но веќе влегов во штосот и сега немам проблем со тоа искрено да го кажам своето мислење. Има кандидати кои пеат, растураат во буквална смисла на зборот, но има и такви кои не знаат да пеат. И со едните и до другите се однесувам коректно, се трудам да им дадам совет, а најтешко ми паѓа кога некој од кандидатите има талент, но му недостасува нешто… тогаш сум во дилема и баш тешко ми паѓа да пресувам“, заклучи познатата пејачка.

Емисијата продолжува со нови епизоди од понеделник, 12 декември.



Врати се горе ↑