Видео sara_mace_jazz

13 септември, 2013

Сара Мејс со нов етно џез проект

„Not Connected Selected” и „Trembling” се првите промо песни на Сара Костадиновска, односно Sarah Mace и Error 404 наменски направени за International Cotai Blues and Jazz CompetitionКако што нè информираше Сара, тимот во моментов работи со полна пареа за истиот натпревар кој ќе се одвива во Макао. „Ќе потраеме заедно како проект, ориентиран кон Ethno jazz, Electrоnic jazz, Fusion, Acid jazz, Funk.“ – изјави популарната македонска пејачка.

Error 404 e авторски српски jazz, fusion, ethno, electronic бенд составен од: Владимир Јеленковиќ – пијано и композитор, Андрија Аврамовиќ – бас и Ѓорѓе Хартл – тапани и перкусии. За музиката на песните („Not Connected Selected” и „Trembling”) се задолжени Sarah Mace и Владимир Јеленковиќ, текстовите се на Sarah Mace и на Владимир Ристевски, а за продукцијата е одговорен Родољуб Аврамовиќ/ FatCat студио – Ниш, Србија.

Преземено од: Fail.Mk



Врати се горе ↑