Концерт Print

11 јуни, 2013

Сара Мејс со концерт во Бугарија

По националната награда „Странски студент на годината“ на Р. Бугарија за 2012 година, ексклузивката на Горила продукција – Сара Костадиновска алијас Сара Мејс (Sarah Mace) на 16-ти јуни во 20:30 ч. ќе гостува во Студио 5 во Софија со авторски концерт насловен „Sarah Mace acoustic”. Концертот ќе претставува симбиоза од поп, џез и класична музика, претопена во минималните динамики од звуците на харфа, пијано, гитари, саксофон и перкусии.

Заедно со Сара на сцената ќе настапат и нејзини пријатели од Македонија и од Бугарија: Ива Христовска (гитара, вокали), Даниел Тодоров (гитара), Стефан Здравески (саксофон, вокали), Мартин Марков (пијано), Александар Бахнов (пијано) и Стиљан Славков (перкусии).

 



Врати се горе ↑