Видео

10 септември, 2018

Сара Мејс нè почести со „Црна капина“

Сара Мејс го претстави најновото видео од минатогодишниот проект „Floating Through Space With Sarah Mace“, а овој пат интересна екранизација доби песната „Црна капина“, која пејачката ја смести меѓу своите омилени од албумот.

„Не е комерцијална, ама чудесна е. Во постојано движење со телото на слушателот, од почеток до крај пулсира во тебе…. ова е песна започната како идеја на тапанарот (во случајот и автор, Александар Ванчовски) и мислам дека тоа тапанарско влијание се чувствува цело време дур трае песнава, а можеби дури и после тоа“, вели Сара за новиот сингл.

Видеото претставува модерен пристап на едноставна анимација на урбани елементи и одредени традиционални симболи (следејќи го текстот на песната), дел од нив се цртежи нацртани од Дарко Петковски, збогатени и дополнети со живописни нијанси и скеч-техника. Потпишана зад неговата реализација од А до Ш стои Љупка Андоновска, а како изгледа и звучи „Црната капина“ на Сара дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑