1 септември, 2017

Сара Мејс најавува нов проект со „Небо“

Сара Мејс неодамна најави ново изненадување, а како што претпоставувавме, станува збор за нова песна. Но, тоа не е сè! Имено, популарната музичарка денеска го претстави своето најново музичко парче насловено „Небо“, а потенцијалниот хит во фанки стил го потпишува (и танцува) заедно со колегите Иван Петровски и Неврус Бајрам.

Во песната гостуваат и Дејан Митровиќ на бас и Александар Ванчовски на тапани, а миксот и мастерингот ги направи Горан Гешовски, додека интересната и разиграна визуализација, со кореографија на Јана Петровска, е дело на Александар Ристовски Принц.

„Небо“ воедно е и прв сингл од новиот проект насловен „Floating Through Space With Sarah Mace“, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

см



Врати се горе ↑